МАСОВНИ ДЕМОНСТРАЦИ ВО ФРАНЦИЈА Стотици илјади луѓе на улиците, полицијата почна да апси

Во Франција денеска се одржаа протести против екстремната десница, на кои според податоците на синдикатот ЦГТ, во главниот град Париз учествувале 250.000 луѓе, а во цела Франција околу 640.000 луѓе.

Според податоците на полицијата, на собирот во Париз учествувале 75.000 луѓе. Демонстрации против екстремната десница во Париз се организирани на покана на пет синдикати, левичарски здруженија и партии, јавува порталот БФМ ТВ, наведувајќи дека протестниот собир започна од Трг Република кон Трг Нације и дека четири лица се уапсени за време на протест.

Синдикатот ЦГТ соопшти дека на територијата на Франција се одржани 182 протестни собири, како и дека за в недела се планирани нови протести, особено во Лион.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно оваа недела одлучи да го распушти францускиот парламент и да распише предвремени парламентарни избори поради убедливата победа на екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент и успехот на другите десничарски партии.

Тој рече дека распуштањето на францускиот парламент и распишувањето предвремени избори е единствениот можен одговор на добрите резултати што ги постигна екстремната десница.

Десничарската партија Национален собир освои 31,47 отсто од гласовите на изборите за ЕП, додека партијата на Макрон Преродба 14,56 отсто, т.е. Националниот собир освои 30 мандати, а партијата на Макрон 13.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното