Масовните убијци Коста и Урош вежбале во иста стрелана, се истражува дали се познавале

Коста К.(13) и Урош Блажиќ (20) кои во средата и четвртокот во масовните убиства во училиштето во Врачар и во околината на Младеновац убија вкупно 17 млади и рани уште 20 лица, вежбале пукање на исто стрелиште.

Во стреланата Партизан во Белград.

Истражителите не ја исклучуваат можноста двете чудовишта во одреден момент да се сретнале дури и на тоа стрелиште, а можеби и да се познаваат! Како што дознаваат српските медиуми од извори од истрагата, инспекторите дошле до ова шокантно откритие додека работеле на убиствата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар и во селата Дубона и Мало Орашје кај Младеновац.

– Една од насоките на истрагата и за двата масакри е местото каде Коста и Урош вежбаа пукање, бидејќи и двајцата се добри со оружје. Така, најпрвин е утврдено дека таткото на Коста, Владимир К. го водел својот син на стреланата на Партизан во Белград. Потоа е утврдено дека истата стрелана ја посетувал и Урош. Тоа е навистина чудна коинциденција и затоа не е исклучена можноста Урош и Коста да се сретнале во стреланата, а можеби и да се запознале- изјави извор за Информер.рс..

Од друга страна пак, сопственикот на приватното стрелиште „Партизан“, во кое почесен член беше таткото на Коста, Владимир, на рочиштето негирал дека момчето некогаш пукало во неговиот објект. Иако му биле презентирани докази во вид на слики и видеа дека и Владимир и Коста вежбале да пукаат кај него, сопственикот останал на својата приказна, тврдејќи дека никогаш не ги видел.

Кога од него побарале снимки од безбедносните камери од стрелиштето, сопственикот рекол дека камерите не работат подолго време.

Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Српските истражни органи го истражуваат и податокот дека двајцата масовни убијци му се восхитувале на фашистот Адолф Хитлер.

-И двајцата се восхитуваат на Хитлер и нацизмот. Уште една бизарна работа ги поврзува двете „чудовишта“, а тоа е почитта кон Адолф Хитлер и нацизмот, пренесуваат српските медиуми.

Имено, во моментот на апсењето во селото Вињиште кај Крагуевац, Урош Блажиќ носел маица со број 88, која ја користат неонацистите и е симбол за фашистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“ (на буквата Х е осмата во абецедата). Истрагата тогаш покажа дека и Коста бил опседнат со нацизам! Како што ексклузивно објавивме вчера, момчето на лекарите од психијатриската клиника каде што беше сместено по апсењето детално им раскажало за нацистичката идеологија, за Хитлер и „генијалните методи и планови“ на шефот на нацистичката пропаганда Јозеф Гебелс!?! – Јас сум новиот фирер, ќе го обединам светот… – им рекол Коста на шокираните лекари, на кои дури им спомнал дека Евреите страшно го навредувале, но не прецизирал кога и каде се случило тоа! Во неговата соба била пронајдена нацистичка литература, но родителите на Коста тврделе дека не знаат ништо за тоа!?

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното