Македонија

Маж од Аеродром е шестата жртва од западнонилска треска во Македонија

Маж од Аеродром е шестата жртва од западнонилска треска во Македонија

Нов смртен случај од западнонилска треска е потврден денеска, со што бројот на починати во земјава се искачи на шест, соопштија здравствените власти.

Станува збор за 72-годишен маж од Аеродром, кој бил хоспитализиран пред 15 дена со тешка клиничка слика.

Болеста бележи нагорен тренд, со повеќе од десет новозаразени за една седмица. Од вкупно 53 регистрирани случаи досега, 50 се лабораториски потврдени, а за три се чекаат резултатите од дополнителните тестирања.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје моментно се хоспитализирани 18 пациенти. Најмладиот, 26-годишен пациент, е во добра состојба, додека петмина се на одделот за интензивна нега со тешка клиничка слика и сите се повозрасни лица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни