Маж од Гостивар оставил пари за стан во објект кај Бит Пазар, подоцна сфатил дека е измамен!

На 18.10.2025 во 15:45 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Гостивар пријави дека бил измамен за сума од 7.200 денари.

Според пријавеното, контактирал со едно женско лице, во врска со оглас  на социјална мрежа за издавање стан во Скопје.

Откако се договориле, капарот го оставил во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, како што му било кажано, по што подоцна не можел да стапи во контакт со неа, при што сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.