СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т.(40) од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Убиство во обид “ по чл.123 од Кривичниот законик.
Тој, на 30.12.2025 година околу 01 часот, на локалниот пат во близина на струшкото село Ливада, со огнено оружје пиштол пукал кон паркиран автомобил „Голф“ и на возачот Џ.Д.П.(40) од Охрид, му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.
Потоа, со закани кон сопатничката во возилото, ја принудил да влезе во неговиот автомобил.

