На 21.04.2025 во 23.30 часот во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Л.Д.(26) од с.Зелениково, постапувајќи по претходна пријава дека во 19.40 часот на подрачјето на Кисела Вода, поради недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал Т.А.(36) од Пробиштип, со престој во Скопје и го оштетил неговото патничко возило „мазда“.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.