Белградската полиција го уапси Т.В. (47) поради насилно однесување кога нападнал постара жена на бензинска пумпа.
Според првичните информации, мажот е осомничен за напад врз жена на бензинска пумпа на Трошарина, во белградската општина Вождовац.
Наводно бил нервозен бидејќи постарата жена Б.В. (69) полека го полнела резервоарот. Разбеснет од ова, тој ѝ се приближил и ја удрил во главата, по што бил уапсен.
Истрагата ја води Второто обвинителство во Белград.