Мажи се снимале додека силувале животни на фарма во Славонија!

Последниве денови низ социјалните мрежи се прошири шокантно видео од место во Славонија, на кое група маскирани лица принудуваат видно исплашен маж да признае дека силувал животни, на што тој одговара „да“.

Човекот од видеото е уапсен откако видеото станало вирално. 24сата.хр упати прашања до Бродско-Посавинската полиција која го истражува случајот.

„По приемот на пријавата, полициски службеници вршат натамошни увиди со цел проверка на наводите и утврдување на елементите на кривично дело или прекршок“ – соопштиле од полицијата.

Веста за апсењето ја коментираа и мештаните, кои останале во шок.

„Дојдоа многу маскирани луѓе. Подоцна, низ селото се прошири веста дека еден сосед е уапсен поради таа фарма за која сите зборуваат. Не можам да верувам дека се случило такво нешто, дека таквите се наши соседи“, изјавила една мештанка за 24sata.hr.

Вака ги открија чудовиштата кои силувале животни во Славонија!

Осомничените (на возраст од 55 и 70 години) се обвинети дека дозволиле други мажи да мачат и силуваат животни на нивната фарма. Двајцата четири години дозволувале трет маж (45) и група други засега непознати лица сексуално да злоставуваат животни во нивниот дом и штала.

Според полицискиот извештај, имало најмалку двајца лабрадори, овчар, јазовичар, маторица, свиња, теле, кокошки и други животни.

Најмладиот осомничен е во истражен притвор од септември минатата година поради сомнение дека силувал малолетник, додека другите двајца се приведени на 16 јануари годинава, откако истражен судија им одредил притвор.

Судските документи, кои ги поседува 24сата, наведуваат дека мажите им нанеле непотребна болка на животните и ги изложиле на неискажливо страдање. По откритието, дел од животните биле префрлени во прифатилиште, каде било утврдено дека имаат повреди на ушите, нозете и гениталиите, се тешко истрауматизирани и не дозволувале луѓето да им се приближат.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното