Македонија

Мечка забележана на само 30 метри од првите куќи во Дебреште, жителите предупредени

Мечка забележана на само 30 метри од првите куќи во Дебреште, жителите предупредени

Мечка е забележана во непосредна близина на резервоарот во селото Дебреште, на околу 30 метри од првите куќи, поради што жителите се повикуваат на зголемена внимателност.

Особено се препорачува претпазливост во вечерните и раните утрински часови, кога движењето на мечката може да биде почесто. На жителите им се советува да избегнуваат движење во пределот каде што е забележано животното, а децата да не се пуштаат сами надвор.

Дополнително, се апелира до сопствениците да внимаваат на домашните животни и да не ги оставаат без надзор во близина на тој предел.

Доколку некој ја забележи мечката, не треба да ѝ се приближува, да се обидува да ја брка или да ја фотографира од непосредна близина.

Жителите се повикуваат да ја споделат информацијата со своите соседи и сограѓани за навремено да бидат информирани сите во Дебреште.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни