Пандишпан
Белките ги матиме пенесто заедно со шеќерот.
Исклучуваме миксерот и додаваме пециво, брашно и јадро сецканите лешници.
Мешаме со лажица да ја соедниниме смесата.
Печеме во намастена тава.
Печениот пандишпан го оставаме да излади.
Го ставаме во плехче и го филуваме со следниот фил.
200 гр путер го миксираме со 100 гр мед и 100 гр шеќер.
Пенесто матениот путер го мешаме со претходно сварениот крем од тиква кој го имам објавено.
Еве го повторно да не талкате
Фил.
Тиквата ја печеме во рерна на тивко.
Печената тиква со лажица ја двоиме кората и ја пасираме заедно со медот.
Млекото и шеќерот ги вриеме на оган и ги тргаме на страна кога се зовриени.
Постепено се додава тиквата.
Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките.
Жолчките ги матиме со нишестето и ванилата. Пополека додаваме малку од смесата со млекото и промешуваме.
Потоа со непрекинато мешање ги додаваме жолчките во млекото и тиквата.
Непрекинато мешаме додека не ја добиеме потребната густина.
Оставаме да истине добро.Кога е истинато се мешаат заедно со путерот. Се филува пандишпанот и се става во ладилник. Јас постојано ја чувам во ладилникот. Филот е лесен и се пушта веднаш затоа е убаво да се служи поладничко. Иако е во ладилник совршено се сечат коцките.
Нас ни е омилен десерт, а вие ќе кажете. На здравје
Состојки
пандишпан
6 белки
2 лажици брашно
6 лажици шеќер
12 лажици лешници
12 грама пециво
Фил
200 гр путер
100 гр мед
100 гр шеќер во прав
500 гр тиква
500 мл млеко
180 гр шеќер
100 гр мед
1 лажиче нишесте
1 ванила
3 жолчки