Меџити: Кога ќе ги видат резултатите, тие први ќе избегаат од предвремените избори

Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити по гласањето на новинарско прашање околу тоа дали резултатите од локалните избори ќе влијаат и на централно ниво, рече дека опозицијата ќе избега од предвремените избори штом ќе ги видат резултатите од локалните избори.

„Кога ќе ги видат резултатите, ако им ги споменеме предвремените избори, тие први ќе избегаат“, рече Изет Меџити.