Меџити: На ДУИ и Ахмети да им честитам победа во Пласница, во другите води Влен

Лидерот на Демократското движење, Изет Меџити денеска на прес конференција во седиштето на коалицијата Влен им ја честиташе единствената победа на ДУИ и Али АХмети во општина Пласница.

Како што вели, во сите други води Влен.

„Да им честитам за победата во Пласница додека во другите општини води Влен. Тука сме во Чаир да ја прогласиме убедливата победа уште во првиот круг. Сакам да се заблагодарам на сите гласачи“, вели Меџити.