Меџити: Влен е антидот на ДУИ, единствен кој има дилеми е Таравари!

Министерот за животна средина и дел од коалицијата Вреди, Изет Меџити денеска истакна дека односите со Арбен Таравари се добри и има комуникација меѓу нив.

„Сите треба да знаат ВЛЕН е антипот на ДУИ и коалиција што победи на минатите избори и ја донесе долгоочекуваната промена во албанскиот корпус. Работиме на тоа промената да се почувствува целосно и тоа да биде до крај“, вели Меџити.

Според него, ВЛЕН продолжува понатаму и разговараат со сите субјекти во коалицијата да останат заедно и тоа да се преточи во партија која што ќе ги претставува Албанците на локалните изобри.

„Единствениот кој што има дилеми и гледа како можна опција соработка со ДУИ е господинот Арбен Таравари. За тоа него ќе го прашате. Мислам дека ВЛЕН доби 107 илјади гласови како коалиција и како спротивност на ДУИ. Никој друг нема дилеми, освен Таравари. Тој треба да расчисти со дилемите. Соработка меѓу ВЛЕН и ДУИ е неприродна“, кажа Меџити.

Околу листите за локалните избори, министерот истакна дека ставот на сите во ВЛЕН е да имаат заеднички листи, заеднички кандидати и заеднички штаб, програма и платформа. Некаде, доколку е потребно, според анализите, може да поддржат и независни кандидати.

Меџити не ја исклучува можноста да дојде и до владина реконструкција пред локалните избори. Теоретски вели можно е откако ќе се направат проценки.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното