Претседателот на Демократското движење и прв вицепремиер Изет Меџити во интервју за Канал 5 говореше за евроинтегративниот пат на Македонија.
Тоа што Албанија отиде понапред и го отвори преговарачкиот пакет за Меџити не претставува проблем но призна дека „Албанците тука не се среќни што Албанците од Албанија чекорат кон Европската Унија, а ние заостануваме, но ова е еден вид притиок и фактор и ние поцврсто да нагазиме на овој процес и некаде по пат да се сретнеме со Албанија“.
На ироничната за белешка на уредникот дали можеби треба и Косово да го почекаме, Меџити одговори:
„Па зошто да не. Можеби не да ги почекаме, но јас тоа го гледам како позитивен натпревар и на крајот да бидеме дел од ЕУ заедно“.