Медицинско чудо: Родила близнаци од две матки

Британката Џенифер Ешвуд е вистинско медицинско чудо. Се родила со две матки и во двете останала бремена речиси во исто време.

Џенифер на 31-годишна возраст роди близнаци, ќеркичката Попи и синчето Пиран со царски рез, а бебињата беа извадени секое од посебна матка.

Бебињата се здрави и родени во 34 недела, а вакви случаи се можни еднаш во 500 милиони.  Докторите во 20 недела на бременоста со ултразвук откриле дека Џенифер има две матки. Таа веќе има ќерка, 8-годишната Мили, но при првото раѓање никој не и кажал дека има две матки.

-Да се има две матки е ретко, а уште поретко е да се зачне во двете.  Тоа навистина е чудо. Мислев дека добро си го познавам телото, но излезе дека не е така, изјави Џенифер по породувањето.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното