Војвотката од Сасекс, Меган Маркл наполни 40 години и, по тој повод, од својот дом во Калифорнија зборуваше преку видеоврска со комичарката Мелиса Мекарти за нејзиниот нов проект.
„Ова е мојот 40-ти роденден и имам идеја. Откако наполнив 40 години, барам од мои 40 пријатели да одвојат 40 минути од времето заради менторство кон жените кои бараат работа!“, вели Меган.
За време на разговорот, двата ѓердани на Меган, привлекоа големо внимание.
Инаку, тие кријат посебно значење, односно ги претставуваат хороскопските знаци на нејзините деца – син ѝ Арчи, кој е роден во знакот на Бик и ќеркичката Лилибет, родена во знакот на Близнаци.
Ѓерданите се дизајнирани од Логан Холовел и се достапни со 14-каратно злато и дијамант или бел сафир. Според наводите, еден ваков моден додаток чини над 1.600 долари.
Инаку, новиот проект на Меган е поттикнување менторство од познати личности, за помош и подучување на жените кои бараат работа откако ја изгубиле или ќе ја изгубат поради пандемијата.
