Направете домашни мекици, чиј мирис ќе ве потсети на баба ви и на вашето детство.
Тие се идеални за појадок во кој ќе ужива целото семејство.
Состојки:
600 гр брашно
1 кесичка квасец
1 лажичка шеќер
1 – 2 лажички сол
1 лажичка ракија
1 јогурт (180 ml)
околу 3 dl топла вода
Измешајте ги состојките, замесете помеко тесто, покријте и оставете на топло место 1 час. Расукајте го тестото со дебелина од 1 до 2 см, исечете го, покријте го и оставете го околу 20 минути.
Пржете ги лепчињата во длабока маснотија по неколку минути од секоја страна, па наредете ги на мрсна хартија за да се впие вишокот маснотии и послужете. Може да се јаде со џем, чоколаден крем или намаз со сирење и ајвар по ваш избор и вкус. Пријатно!