Меланија Трамп на самитот при поздравувањето на Рози Мицкоска кажала Македонија, па следела дипломатска интервенција од Грција

Грчките медиуми објавија дека дошло до дипломатска интервенција за време на самитот во Вашингтон, организиран од првата дама на САД Меланија Трамп, во врска со именувањето на Македонија.

Според овие информации, при првичното обраќање и поздравување на сопругата на македонскиот премиер, Рози Мицкоска, било употребено името Македонија. Меѓутоа, по реакција и дипломатска интервенција од Амбасадата на Грција во САД, во понатамошниот тек на настанот било користено уставното име на државата.

Самитот, на кој присуствуваа повеќе меѓународни претставници, беше фокусиран на современи глобални теми, вклучително и улогата на технологијата и образованието. Присуството на македонската делегација предводена од сопругата на премиерот Христијан Мицкоски беше дел од пошироките дипломатски активности.