Мемов: Вчерашната изјава за Вреди е мој личен став и не изразува став на ЗНАМ

Портпаролот на партијата ЗНАМ и актуелен директор на ПИОМ, Никола Мемов денеска се објасни по повод својот остар став на Фејсбук каде јавно ја обвини коалицијата Вреди дека не го испочитувале договорот за поддршка во Скопје и не гласале за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

„Вчерашната објава на мојот фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став  и не изразува став на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.

Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакции

Победата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период.

По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени“, вели Мемов.