Менди Ќира: Ќе изградиме нови патишта, пристаниште и фестивал „Струшко лето“ – имам договор со народот

Независниот кандидат за Општина Струга, Менди Ќира, ги продолжи средбите со граѓаните, при што ги претстави своите проекти за општината, за кои го бара и довербата на гласачите. Освен инфраструктурните проекти – како нови патишта, подземен паркинг во градот и туристички проекти – тој рече дека ќе се ангажира и во културната сфера, најавувајќи нов фестивал „Струшко лето“.

Ќира, кој ја има поддршката од коалицијата ВЛЕН, пред граѓаните изјави дека има договор со народот за својата кандидатура и ги повика сите партии да го поддржат.

„Имаме значајни проекти – патот Мороишта–Струга, замена на азбестните цевки, потоа имаме подземни паркинзи во центарот на градот и на градската плажа. Имаме пристаниште што ќе овозможи поврзување со Поградец и туристичко село, можеби и две, што ќе бидат долгорочни проекти“, најави Ќира.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.