По порастот на цените на прехранбените производи и организираните бојкоти, Владата донесе одлука да ги ограничи маржите на трговците на 10% за основните прехранбени продукти, детергенти и бебешка храна. Извештајот на Пазарниот инспекторат откри дека маржите кај трговците биле над 20%, а кај увозниците достигнувале и до 50%.
Ограничувањето важи до 30 април, а Министерството за економија ќе разгледа дали ќе има потреба за дополнителни мерки. Владата советува маркети да ги објавуваат и ажурираат цените на дневна основа.
Се планира додавање на 100 производни групи и дополнителни мерачи за непрехранбените производи со високи маржи. Мерките ќе важат и за празниците Велигден и Рамазан.