Третиот концерт е закажан за 21 ноември
Дино Мерлин распродаде две Штарк арени за два дена – за 18 и 19 ноември.
Поточно, бидејќи напладне започна продажбата на билетите за вториот концерт, до полноќ се беше „продадено“.
Третиот концерт е закажан за 21 ноември.
– Ова ќе биде посебна есен за мојата публика и за мене, засекогаш врежана во нашите срца. Едвај чекам да излезам на сцената, да ги видам сите тие блескави лица и да споделам што тлее во мене сите овие години од нашата последна средба – изјави Мерлин.
За потсетување, екипата на Телеграф вчера ги посети местата каде што се продаваа билети за вториот по ред концерт и најдовме луѓе кои чекаа и до 4 часа да почне да се продава касата.