Денеска пеколни температури, а утре и четврток во попладневните часови невреме.
Метео предупредување денеска издаде УХМР.
„Утре и во четврток ќе се задржи топло време, но во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град“, се вели во соопштението од УХМР.
И во Скопската Котлина ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.