Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ја очекува Македонија денеска, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи.
Според метеоалармот за 2 септември, нестабилност ќе има на територијата на целата држава, а на места временските процеси ќе бидат поинтензивни.
Локално се очекува појава на невреме проследено со силен ветер, пороен дожд и грмежи, а постои можност и за појава на град.
Од УХМР се препорачува граѓаните да бидат внимателни и да ги следат најновите информации и предупредувања за временските услови.
Во случај на невреме, особено внимание треба да се посвети на силниот ветер и поројните врнежи, кои локално може да предизвикаат проблеми во сообраќајот и на отворено.