ВД заменик-помошникот државен секретар на САД Метју Палмер и амбасадорот на САД во Република Македонија Џес Бејли денеска ќе остварат средба со градоначалникот на Општина Битола, Наташа Петровска.
Средбата се очекува да започне во 16 часот, а на медиумите ќе им биде дозволено само фотографирање и снимање пред почетокот на средбата. Изјави нема да бидат предвидени, се вели во соопштението испратено од кабинетот на Петровска.
