Прекин во снабдувањето со струја предизвика застои и прекини на некои линии на лондонското метро денеска.
Вработените на станицата Ковент Гарден ги информираат патниците дека целото лондонско метро е во застој поради прекин на електрична енергија. Патниците биле евакуирани од неколку станици, меѓу која и Тотенхем Корт Роуд.
Портпаролот на ТФЛ (Транспорт за Лондон), изјави дека четирите линии Бејкерлу, Нортерн, Џубили и Елизабет биле во краток прекин со електрична енергија.
Причината за недостатокот на енергија и натаму не е позната.