Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ вечерва на прес конференција посочи дека Скопје се разбудил и граѓаните покажале храброст дека подготвени се да изберат поинаку.
„Левица испиша историја, бидејќи прв пат во историјата на Македонија во главниот град имаме кандидат кој не е поддржан од ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Во првиот круг покажавме дека има надеж, во вториот круг сето ова ќе го претвориме во реалност. Влеговме во втор круг бидејќи илјадници луѓе се охрабрија да застанат на страна на промената, на крилјата и на надежда на скопјани ја имаат за сопствениот град и зошто го сакаат својот град“, порача Мециновиќ.
Тој додаде дека во вториот круг граѓаните имаат јасен избор меѓу две визии една застарена и криминална и втората која е нивна визија, состоена од љубов кон својот град.