Мециновиќ го вика Ѓорѓиевски на дебата: Да се соочиме, без наместени прашања и со новинари од сите редакции!

Кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, денеска го повика неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на дебата надвор од телевизиските студија, со новинари од сите редакции.

„Јас го повикувам Ѓорѓиевски овде меѓу граѓаните, еве кај Школка во Градскиот парк, да се соочиме, да има новинари од сите редакции, без наместени прашања“, порача Мециновиќ.