Милановиќ се огласи само со еден збор

По затворањето на избирачките места во Хрватска, се огласи Зоран Милановиќ, кој според првите официјални резултати убедливо води на претседателските избори, што значи дека оваа функција ќе ја извршува и во наредните пет години.

Според првите официјални резултати, Милановиќ освоил 77 отсто од гласовите, а кандидатот на ХДЗ Драган Приморац 29 отсто, објави Индекс.

Претходно, излезните анкети покажаа дека Милановиќ освоил 78 отсто од гласовите, а Приморац 22 отсто.

Милановиќ на својот Фејсбук профил накратко напиша „Благодарам“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното