Миле Јанакиески од денеска е слободен човек, ќе си земе и отштета од државата

Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, од денеска е слободен човек.

Тој излегува од затвор после шест години минати во затворите Идризово и Шутка, откако доби условен отпус со одлука од Апелиациониот суд.

Екс министерот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беше осуден за повеќе случаи: „27 април“, „Шпански скали“ и „Титаник“, а издржуваше затворска казна од три и пол години за предметот „Титаник“.

Јанакиески исто така ќе земе отштета од државата од 3900 евра поради штета од притворите.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното