Милошоски најави победа во 15 општини, вклучувајќи ја и Струмица по 20 години

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за Сител ги посочи градовите каде сигурно ќе имаат кандидати победници уште во првиот круг.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во првиот круг во Кисела Вода, Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Охрид, Ресен, Градско, Јагуновце, Василево, Радовиш, Штип, Струмица после 20 години. Ќе имаме и во Босилово, Вевчани, Ново Село, и убедлива победа во Прилеп. За останатите општини се прелиминарни резултати каде тенденцијата покажува дека ќе ги добијат уште во прв круг“, рече Милошоски.

Во однос на Град Скопје, тој порача дека нивниот кандидат има убедлива предност.