Минчев: Балансерот треба да биде укинат

„Мојот став е дека Балансерот треба да биде укинат“. Ова го изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев во интервју за Локално.

Тој кажа дека каква и да биде одлуката на Уставниот суд, мора да ја почитува и ќе го стори тоа.

„Алатката „Балансер” начелно создадена за правична застапеност на заедниците во институциите, во минатиот период е често злоупотребувана.  Јас неколку пати досега потенцирав дека имало случаи каде што Македонци се изјаснувале како Албанци, Албанци се изјаснувале како Македонци или пак припадници на други етнички заедници се изјаснувале или како Македонци или како Албанци. Таа злоупотреба на “Балансерот” е регистрирана и аргументирана. Всушност, дигиталната алатка “Балансер” ја губи својата намена за која е создадена. Оваа ситуација е нотирана и во скрининг извештајот на Европската комисија. Аналогно на тоа се поставува прашањето дали воопшто треба како алатка да постои. Мој став е дека треба да биде укинат“, вели Минчев.