Минхен: Започна голем протест против НАТО и Минхенската безбедносна конференција

Во Минхен започна голем протест против НАТО и Минхенската безбедносна конференција, која во тој град се одржува од 14 до 16 февруари, а учесниците на демонстрациите повикуваат на мировни преговори и се противат на испорака на оружје за Украина и Израел, пренесоа германските медиуми.

Демонстрациите беа организирани од „Акциската алијанса против безбедносната конференција на НАТО“, која соопшти дека на конференцијата во Минхен не се разговарало за безбедноста, како и дека таканаречената глобална супериорност на Западот, заснована на империјалистичката поделба на светот, доведе до бројни конфликти ширум светот, пренесе РИА Новости.

Организаторите наведуваат и дека Германија се повеќе се милитаризира, додека германскиот народ сака мирна политика.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното