Македонија

Министерката за надворешни работи на Бугарија во посета на Битола

Министерката за надворешни работи на Бугарија во посета на Битола

Министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска денеска ќе ја посети Битола по повод инцидентот поврзан со палењето на влезната врата на Центарот за култура „Иван Михајлов“ во Битола, и ќе разговара со претставници на здружението, соопшти прес-центарот на бугарското МНР.

Целта на посетата е продолжување на дијалогот меѓу министерствата на двете земји за отворените билатерални прашања поврзани со спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Тема на разговор се и прашањата поврзани со европската интеграција на Република Северна Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни