Министерката за одбрана на Република Северна Македонија Славјанка Петровска денеска пристигнува во официјална дводневна посета на Бугарија на покана на министерот за одбрана Драгомир Заков, соопшти прес-центарот на Министерството за одбрана на Република Бугарија.
Утре, по официјалната церемонија на пречек, двајцата министри ќе имаат средба по што ќе дадат изјави за медиумите.
Министерката Петровска и делегацијата што ја предводи потоа ќе се сретнат со раководството на бугарската парламентарна комисија за одбрана во Народното собрание.