Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, во моментов престојува во Австралија, каде што остварува средби со локалните власти и со големата македонска дијаспора.
Австралија важи за втор дом на многу Македонци, со стотици илјади иселеници кои се целосно интегрирани во општеството и имаат значајна улога во различни сфери на животот.
Посета на фудбалскиот клуб Престон Лајонс
Во рамки на посетата, Муцунски присуствуваше на натпревар на Престон Лајонс, фудбалски клуб основан од македонските иселеници, кој со децении успешно се натпреварува во австралиските лиги.
„Австралија ни има помогнато многу во спортски аспект, особено во фудбалот, преку репрезентативци од различни категории,“ истакна Муцунски.
Посетата на Австралија е дел од дипломатските активности на министерот, со цел зајакнување на врските со дијаспората и унапредување на соработката со австралиските власти.