Албанскиот премиер Еди Рама денеска соопшти дека министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај поднесе оставка.
Рама на Твитер напиша дека ја прифатил оставката на Џафај, но не наведе други детали.
На местото на Џафај именуван е поранешниот воен претставник Сандера Леши. Неговиот избор треба да биде одобрен од претседателот на Албанија и од Парламентот.
Генералот Сандера Леши ќе донесе нова позитивна енергија, брзината мора да се зголеми и да се постигнат значајни резултати , Пишува Рама.