Министерство за здравство: МРП вакцините со кои се вакцинираат децата не се со истечен рок на траење

МРП вакцините Priorix со кои се вакцинираат децата во Скопје и во другите градови од земјава се набавени со тендерот распишан 21.10.2016 година, со склучени договори на 21.03.2017 година, велат од Министерството за здравство.

Вакцините кои се во употреба се Priorix, се со сериски број АМЈРД512АА  со рок на траење 07.2019 година и сериски број A69CE583A со рок на траење 05.2019 година.

Се вчитува...

Во тек е континуирана набавка на вакцини, за имунизација на населението во Република Македонија за период од јули 2018 до јуни 2020 година со повеќегодишна јавна набавка, кое Министерството за здравство ја реализира секои две години, а техничкиот дијалог за оваа набавка е објавен на 27.10.2018.

Извор: ТВ21