Директорот на Центарот за јавно здравје, Александар Стојанов во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 вели дека мислењето на министерот за здравство Венко Филипче е и став на Комисијата за заразни болести.
„Дефинитивно е мислење на Комисијата. Д-р Филипче ги пренесува ставовите во главниот кризен штаб, учествува активно во работата“, истакнува Стојанов.
Тој објаснува и зошто децата кои се над трето одделение не треба да одат во училиште.
„Идејата е да нема групирање, ние ќе имаме празен простор на училиште, но пак ќе има групирање. Од 1-во до 3-то одделение дозволивме затоа што сметаме дека е многу важно за првачињата да осетат што е школо и како тоа изгледа, а плус и тие дечиња не се толку вешти да работат на компјутер. Поголемите можат да ја пратат наставата со физичко неприсуство, односно од далечина, но го избегнуваме моментот на дружење на концентрација на поголем број на луѓе на едно место. Тука не се само ученици, тука се и наставници, помошен персонал, па затоа од таа гледна точка вака е побезбедно“, додава Стојанов.
.
