МИСТЕРИЈА: Две езера во Аргентина стана розови

Во крајбрежниот регион Патагонија во Аргентина две езера станаа флуоресцентни розови, од засега необјасливи причини.

Локалните екологисти стравуваат дека ова би можело да биде предизвикано од индустриската контаминација.

Езерата се наоѓаат на рамнина Патагонијам, во близина на индустриски парк во предградието на аргентинскиот град Трелев.

На официјалната страница на Општината Трелеу се наведува дека службениците неодамна наишле на камион кој фрлал отпад во езерата, а аргентинските власти сепак имаат спротивставени мислења за тоа дали промената на бојата на овие езера е штетна.

Екологистите претпоставуваат дека обоеноста на езерата потекнува од бојата што компанијата во близина ја користи за одгледување на ракчиња.

Тие велат дека обоеноста на езерата покажува само дека лошо се раководело со отпадот.

Локалните и регионалните службеници за заштита на животната средина ги истражуваат причините и потенцијалните оштетувања на езерата, но се уште немаат донесено заклучоци.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.