Митева: Владата ќе ги покрие трошоците за транспорт и сместување на семејствата

Портпаролката на Владата, Марија Митева на денешната прес-конференција најави дека Владата утре на седница ќе донесе одлука за организирање и обезбедување на превоз и сместување на семејствата на повредените од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, кои во моментов се хоспитализирани во други земји

-Во овие моменти семејствата не треба да се грижат за логистика или финансиски оптоварувања кога им се најпотребни на нивните најблиски. Затоа Владата ќе ја преземе одговорноста за покривање на трошоците за транспорт и сместување, обезбедувајќи семејствата да бидат покрај своите најблиски, рече Митева на прес-конференција.

Сите потребни детали и координација, како што посочи, семејствата на повредените можат да ги добијат на телефонот 070 270 370.

-Ги повикуваме сите семејства да ја користат оваа линија за да можеме ефикасно да ја организираме поддршката што им е потребна, рече Митева.

Митева нагласи дека Владата денеска донесе одлука да соработува со Црвениот крст на Скопје за управување со официјалната сметка за донации за настраданите од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани со цел да се обезбеди брза и координирана помош.

-Како Влада работиме посветено за да обезбедиме преземање на сите неопходни мерки. Ќе соработуваме со Црвениот крст за да имаме унифицирана поддршка и спречување на злоупотреба и конфузија. Имајќи единствена, официјална сметка за донации, ги елиминираме сите дилеми за тоа каде и како да донираме. Ова осигурува дека секој придонес оди токму онаму каде што е најпотребно. За жал, во тешки времиња, дезинформациите може да се шират и сакаме да спречиме каква било несигурност околу каналите за донации, рече Митрева и посочи дека Црвениот крст веќе има досие за управување со ваква помош.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното