Митрески: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ покажаа дека се против решавање на статусот на бранителите

Пратеникот од СДСМ, Јован Митрески, попладнево на прес-конференција изјави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ денес покажале дека се против решавањето на статусот на бранителите.

„Ако до сега се криеле зад Африм Гаши, денес го покажаа своето вистинско лице. Денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ гласаа „против“ ставката која би го задолжила претседателот на Собранието Африм Гаши да закаже седница за решавање на статусот на бранителите. Само пред неколку месеци, како опозиција, блокираа важни закони и ги условуваа нивното донесување со Законот за бранители. Еве ги сликите кои ги покажуваа тогаш кога поднесуваа амандмани кои блокираа закони додека не се донесе Законот за бранители. Денес, истите пратеници, кои тогаш го нарекуваа блокирањето на други закони пред носењето на Законот за бранители како политичка шизофренија, денес ги блокираат напорите за решавање на статусот на бранителите“, изјави Митрески.

Оваа негова изјава следува по отфрлањето на неговиот предлог на седница на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, каде побарал да се стави на дневен ред разгледувањето на спроведувањето на Деловникот на Собранието, особено од страна на претседателот на Собранието во врска со примената на член 126 став 3 и давање на мислење за разрешување на спорните прашања поврзани со т.н. Закон за бранители, како и неговото неставување на дневен ред на Комисијата за труд.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното