Македонија

Мицкоски: Ако нема договор за избори ова лето ќе преминеме во фаза на целосна блокада

Мицкоски: Ако нема договор за избори ова лето ќе преминеме во фаза на целосна блокада

Мицкоски, во интервју за Телевизија 24, посочи оти ќе протестираат низ улиците, низ маалата, пред институциите, односно, како што кажа, секаде каде гледаат дека треба да се протестира

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека бараат брзи предвремени парламентарни избори, кои, како што појасни, траат од 45 до 60 дена.

Од владејачката партија велат дека темата со изборите е затворена и дека тие ќе се одржат во редовен термин во 2024 година.

-Откако со дебаклот со протестот ја доби порака од граѓаните дека тие не се за блокади, Христијан Мицкоски треба да се откаже од деструктивното дејствување на штета на граѓаните и државата.Мицкоски треба да ја прифати порака којашто со дебаклот на митингот му ја порачаа и граѓаните, а тоа е дека не сакаат блокади и деструкции.Во време на најголема економска и енергетска криза тоа е особено неодговорно.Граѓаните знаат дека Мицкоски говори едно дома а друго надвор а доказ за тоа е Резолуцијата на ЕПП со ставови на Бугарија којашто тој ја поддржа, реагираат од СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни