Премиерот ристијан Мицкоски, денеска напладне ќе присуствува на свеченото поставување на камен-темелникот за изградба на автопатот Тетово–Гостивар, проект вреден 90 милиони евра.
Автопатот ќе биде во должина од 18 километри и ќе претставува значајна инфраструктурна врска во Полошкиот регион. Проектот предвидува изградба на девет натпатници – осум за поврзување на локалните патишта со новопроектираниот паралелен пат, и еден за новата клучка во општините Боговиње и Врапчиште. За реконструкцијата на клучката за излез од Тетово ќе се користи постоечкиот натпатник.
Свое обраќање на настанот ќе има премиерот Мицкоски, кој најави дека изградбата на овој автопат ќе значи подобра поврзаност, побрз транспорт и нови можности за развој на регионот.
Настанот е закажан за 12:00 часот.