Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при посета на градежни активности во Гази Баба рече дека „ова не се проекти на ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ ова се проекти на граѓаните“.
Тој додаде таму каде што има градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат изградени детски градинки, но не е сигурен дека подоцна би добиле согласност за вработување на кадар за едукација на децата.
Околу 3.000 деца се на листа на чекање за упис во градинка. Најпроблематични се Центар, Аеродром, Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров.
Министерката за труд и социјална политика Тренчевска, проблемот го лоцира во градоначаниците, вели листите ги креираат долгите бирократски процедури за проекти за изградба и отворање на градинки.