Мицкоски изрази доверба во работата на Меџити

Премиерот Христијан Мицкоски изрази доверба во работата на Изет Меџити и ги повика представниците на Демократската унија за интеграција (ДУИ) да достават конкретни докази ако имаат сомнежи за негово незаконско работење.

Ова беше одговор на Мицкоски на прашање во врска со соопштението на ДУИ, во кое се изразуваат сомнежи за распределбата на фондовите за културни проекти. Тие посочија дека Сарана Адеми, шеф на кабинетот на Меџити, е назначена за член на комисијата за музичка дејност, што според нив може да биде конфликт на интереси.

Мицкоски нагласи дека е во редовна и тесна соработка со потпретседателот на Владата и министерот за животна средина. Тој исто така ги повика одговорните од ДУИ да донесат докази за нивните обвиненија. Во спротивно, ги предупреди да престанат со, како што ги нарече, празни обвинувања и манипулации кои го носат терминот „корупција“ во јавноста. Мицкоски ги потсети на минатите настани поврзани со ДУИ и нивните нејасни практики.

Тој додаде дека за сите скандали поврзани со ДУИ би можела да се одржи цела прес-конференција и изрази апсолутна доверба во Меџити.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното