Македонија

Мицкоски: Не бев поканет на обраќањето на Пендаровски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека не бил поканет во Собранието да присуствува на обраќањето на претседателот Стево Пендаровски.

„Неканет гостин е недобредојден гостин. Не бев поканет ниту на инагуарацијата, а не бев поканет ниту на ова годишно обраќање на господинот Пендаровски, бидејќи првиот пат беше протоколот грешка, а сега ќе слушнеме претпоставувам нешто слично без да има никаква одговорност. Така што лицемерието е на максимум, едно се зборовите, едно е реториката, она што го слушнавме може да кажам дека е една бледа копија на она што ние како ВМРО-ДПМНЕ го зборуваме, но испораката за жал ја нема. На кратко не бев поканет и затоа не присуствував на обраќањето на господинот Пендаровски“, рече Мицкоски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни