Мицкоски не е задоволен од работата на обвинителите: Секој поврзан со случајот во Кочани мора да одговара

„Секое лице кое на кој било начин е поврзано со случајот во Кочани треба да биде изведено пред правдата“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Ваквиот коментар следи по најновата сторија на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), во која се посочува можната вмешаност на даночни инспектори во случајот, кои не биле опфатени со обвинението.

Мицкоски нагласи дека постапката е во надлежност на Обвинителството и на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

„Видовте и самите, изминатиот период околу 12 обвинители работеа на овој случај. Ако ме прашате дали сум задоволен од нивната работа, мојот одговор е – не сум. Затоа и ја поддржавме во парламентот смената на Коцевски. Зошто СДСМ и ДУИ не ја поддржаа таа смена, тоа е веќе друго прашање“, изјави премиерот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.