Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази задоволство од настанот на пуштање во употреба на новите социјални станови, за кои додели клучеви на едно семејство и еден корисник. Тој нагласи дека овие инвестициски проекти се важни за подобрување на животните услови на граѓаните и дека Владата продолжува да инвестира во социјалната и инфраструктурната изградба.
„За мене претставува секогаш задоволство кога ќе можам да бидам дел од ваков настан кога се пушта нешто во употреба и кога имаме корисници коишто со задоволство го очекуваат овој момент. Имав чест да доделам клучеви на едно семејство и еден корисник на два вакви социјални станови и мислам дека на овој начин правиме добри работи за луѓето и ќе продолжиме како Влада да правиме добри работи“, рече Мицкоски.
Тој се заблагодари на потпретседателот на Владата, министерот за транспорт, директорот на АД и сите останати кои учествуваа во реализацијата на проектот. Премиерот истакна дека ќе продолжат да работат на нови проекти и ќе се трудат да донесат добри вести за граѓаните во иднина.
„Би сакал да се заблагодарам на потпретседателот на Владата, министерот за транспорт, на директорот на АД коешто еве го направи сето ова да биде реалност, на градоначалникот, на пратениците, на останатите членови на Владата коишто се тука денеска со нас. Можам да кажам дека ќе продолжиме во насока на убави вести за граѓаните и во периодот кој следи“, додаде Мицкоски.
На крајот, премиерот им посака долг и среќен живот на новите станари и истакна дека Владата ќе продолжи со вложувањата во развојот на инфраструктурата и подобрувањето на условите за живот во земјата.