Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува наскоро да има разврска со проблемот со сметот во главниот град.
– Мислам дека таму ќе има разврска, која ќе биде интересна да се следи – рече Мицкоски по посетата на ГОБ „8 Септември“, каде изврши увид во нова апаратура.
Тој се заблагодари на градоначалниците од Велес, Штип, Кавадарци и Куманово за поддршката со механизација за чистење на отпадот, и додаде:
– Очекувам откако Орце Ѓорѓиевски ќе ја преземе функцијата градоначалник, во рок од 72 часа сметот целосно да биде исчистен и тоа да стане редовна работа, а не вест.
Главниот град веќе подолг период се соочува со сериозен проблем со отпадот, поради нефункционалноста на ЈП „Комунална хигиена“. Обвинителството и надлежните инспекторати веќе постапуваат за утврдување на одговорност за состојбата.